Тече рокот за жалби за културните институции, здруженија на граѓани и уметници, кои не се задоволни од одлуката на Комисијата за финансиски средства и одобрените проекти од годишната Програма на Министерството за култура, истакна ресорнара министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Јас би сакала да кажам дека се уште има правен механизам да се реагира на сето она незадоволство, коешто е покажано, но да се има во предвид што и која одговорност ја носат одговорните лица, односно подносителите на таа апликација, во однос на тоа што напишале во самата апликација. Кога ќе заврши тој правен рок, односно таа правна алатка за одговор на жалби, повторно излезме со исто онаков брифинг со новинари, известување до медиуми, вели Костадиновска-Стојчевска по комеморативната програма по повод 80 години од депортацијата на штипските Евреи во логорот Треблинка.
Прашана до кога ќе трае тој рок, министерката за култура со одговор дека имаат рок од 15 дена за жалба по приемот на решенијата.
-Значи, имаше рок во електронскиот систем кога можат да ги подигнат решенијата, ако не се лажам тоа беше претходниот петок, што значи имаат 15 дена рок за поднесување на жалба, додаде Костадиновска-Стојчевска.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој реагираше на доделената сума за фестивалот за забавни песни „Макфест“, прашан дали ќе достават жалба за доделените средства за „Макфест“ одговори дека премногу му значи на Штип и „Макфест“ за да и даде значење на министерката за култура.
Општина Штип втора година по ред сама ќе го организира фестивалот „Макфест“ без финансиска поддршка од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.