Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечер ќе биде одржан централниот настан од шестото издание на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ на кој ќе бидат доделени годинашните награди.

Присутните посетители ќе имаат можност да проследат видео материјали со кус рецитал на академик Анте Поповски, како и снимки од негови песни во интерпретација на артистката Софија Гогова Врчаковска. Модератор ќе биде м-р Александра Јуруковска, ќе биде прочитана Одлуката на Жири Комисијата за наградите, а пред присутните ќе се обрати д-р Атина Цветаноска, соопшти организаторите.

Манифестацијата се одржува во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, академик Анте Поповски и е поддржана со програмата за 2023 година на Министерството за култура.

По доделување на наградите ќе се одржи и поетско читање, во кое освен наградените автори ќе земаат учество и неколку други учесници на годинашниот конкурс.са/

Фото: Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.