Амбасадата на Јапонија и Археолошкиот музеј ќе ја прослават 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Јапонија и Македонија со уникатната изложба со наслов „Нингјо“, која ќе биде отворена на први март и ќе трае до 26 март оваа година.

Директорката на музејот, Славица Бабамова ќе ја отвори изложбата поддржана од Јапонската фондација. На отворањето ќе присустуваат амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја и Државниот секретар од Министерството за надворешни работи Филип Тосевски.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста од 19 часот.

Нингјо значи „кукла“ или „човечки облик“ на јапонски јазик и културата за кукли, која се негува низ годините во Јапонија, во Археолошкиот музеј ќе биде претставена со внимателно избрани 67 кукли поделени во четири категории: „Нингјо за молитва на детскиот развој“, „Нингјо уметност“, „Нингјо фолклор“ и „Ширењето на нингјо културата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.