Издавачката куќа Прозарт медиа ја објави книгата „Авантурите на Космонаутко“, првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко. Јанкуловски ги објавува неговите приказни од ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж.

За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и граѓански активист тој е добитник на наградата „Европеец на годината“ за 2020 година, доделена од делегацијата на Европска Унија во Македонија. Добитник на наградата „Филантроп на годината“ за 2021 г., доделена од Horus Macedonia. Прогласен за амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 г. Добитник е на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022 година.

Авторот ќе потпишува примероци од неговата книга на штандот на Прозарт медиа во сабота од 13 часот, на Саемот на книгата.

Објавувањето на „Авантурите на Космонаутко“ е поддржано од Министерството за култура.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.