Академик Влада Урошевиќ е автор на годината, според Македонската асоцијација на издавачи (МАИ). Критериуми кои се земаат предвид при доделувањето на наградата и за кои е потребно образложение од страна на издавачите во апликациите се популарноста и влијателноста на авторот во културно-општествената средина и неговиот придонес во афирмација на книжевноста во и надвор од државата, потоа бројот на странски преводи на дело/дела од авторот во периодот меѓу двата саема и број на продадени примероци.

Комисијата за доделување на наградарите на МАИ во состав: Владимир Јанковски, писател, преведувач и уредник, Дарко Спасов, драматург и преведувач и Ивица Спасовски, креативен директор за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите ги донесе следните:

Одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2022 и мај 2023 година

ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА ЕДИЦИЈА

Основен критериум е уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн. Можеа да учествуваат и новоформирани едиции и едиции кои биле надградени во текот на изминатата година.

1.место: едицијата „Пегаз“ („Арс ламина “)
2.место: едицијата „Старо купувам“ („Темплум“)
3.место: едицијата „Безвременски“ („Три“)

ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБАР ДИЗАЈН НА КОРИЦА

Награда за оригинален дизајн на корица.

1.место: „Баскервилскиот пес“ од серијалот за Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл, илустрација и дизајн на корица на Александра Софрониеска („Арс ламина“)
2. место: „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски, дизајнирана од Ана Ќортошева („Три“)
3. место: „Телото во кое треба да се живее“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“)

ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКИ УРЕДЕНО ИЗДАНИЕ

Награда за највпечатлив целосен дизајн (корица + внатрешност) на издание за возрасни.

1. место: „Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг, графичко уредување на Емилија Харалампиева („Арс ламина“)
2.место: „Основните проблеми на режија“ од Хуго Клајн, графичко уредување на Ника Гавровска („Гаврош“)

ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА КНИГА ЗА ДЕЦА

Оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници).

1.место: „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ од авторите Бистра Георгиева и Александар Трајковски, илустраторка Наталија Лукомска („ИД-концепт“)
2.место: „Биби и Боби во Снешковград“ од Билјана Црвенковска, со илустрации на Михајло Димитриевски–Тхе Мичо, Магдалена Тофиловска и Иванчо Николов („Светот на Биби“)
3.место: „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски, со илустрации на Орце Нинески („Арс ламина“)

ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈКРЕАТИВНО ИЗДАНИЕ

Во оваа категорија влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност. Притоа, се оценува иновативниот пристап и уникатноста на изданието во рамки на нашето издаваштво.

1.место: „Ветерната приказна“ од Ника Гавровска со илустрации на Наташа Андонова („Гаврош“)
2. место: Едицијата „Прегрнати книги“ од Велко Неделковски („Арс ламина“)
3. место: „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ од авторите Бистра Георгиева и Александар Трајковски, илустраторка Наталија Лукомска („ИД-концепт“)

ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Комписијата избрира проект или листа на проекти за корпоративна општествена одговорност приложени од страна на издавачите, заедно со постигнатите резултати.

место: „Водич низ природата“ од Кирил Арсовски Пржо, илустриран од Хари Дудески („Чудна шума“)
место: „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен („Арс ламина“)
место: Агенда за одговорно однесување „Се грижиме за планетата“ („Антолог“)

СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРОМОТОР НА ЧИТАЧКАТА КУЛТУРА

Комисијата избира поединец (новинар, критичар, блогер, инфлуенсер на социјални мрежи) или организација (издавач, библиотека или друга организација), кои во периодот помеѓу двата саеми се истакнале со својот труд во промоцијата на читачката култура. Поединци и организации можеа да предложат и издавачите и членовите на комисијата. Во категоријата не можеа да се натпреваруваат проекти на издавачките куќи.

Наградена: Библиотека „Искра“ од Кочани

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.