Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин се добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година, која се доделува за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Одлуката за добитниците на признанието за оваа година ја донесе одбор под претседателство на Уранија Пировска.

Државната награда „Мето Јовановски“ на годинашните добитници ќе им биде врачена на 10 декември 2022 во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.