Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ денеска ќе се одржи во библиотеката на Кампус 4 во Универзитет Гоце Делчев – Штип.

Меѓународната научна конференција беше организирана од Филолошкиот факултет при УГД на 25 и 26 мај оваа година.

Зборникот содржи 40 реферати кои беа презентирани на конференцијата од областите литература, јазик и преведување.

На промоцијата ќе присуствуваат учесници на конференцијата, студенти и ќерката на Ацо Шопов, Јасмина Шопова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.