НУ Библиотека „Григор Прличев“ ja посети проф. д-р Анис Сефиданис од Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид и подари триесет примероци од неговите трудови: „Препознавање облици“ во која покрај него автори се и м-р Зорица Каевиќ и м-р Билјана Раичевиќ Велковска, „Медицинско – стоматолошка информатика“ во која  како автори се вклучени и д-р Весна Јурковска Шотаровска и м-р Борко Христов и книгата „Дигитална форензика“  во која покрај Сефиданис автори се и д-р Ристо Христов и м-р Зорица Каевиќ.

Д-р Сефиданис со директорот на Библиотеката м- р Милчо Јованоски разговараше за идната можна соработка со Универзитетот со примена на нови технологии во библиотекарството, за што наскоро ќе биде потпишан нов меморандум за соработка меѓу Универзитетот и Библиотеката.

Сефиданис  е автор и на  книгата „Препознавање на облици со помош на вештачка интелигенција” и основач на приватен центар за истражување од областа на роботиката. Роден во Охрид на 6-ти февруари 1983 година, средното образование го завршил во Охрид а студиите ги завршил во Италија на Природно – математичкиот факултет во Удине.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.