Вечерва во Кино Фросина во МКЦ ќе се одрж премиера на документарниот филм „Барка – извор на живот”. Филмот, снимен во Фондацијата „Барка” во Полска, ја раскажува успешната 30-годишна приказна за тоа како социјалното претприемништво и солидарната економија помагаат во заедницата, особено за членовите на маргинализираните групи и нивната реинтеграција и ресоцијализација во општеството.

Документарниот филм е финансиран од Амбасадата на Полска во земјава со поддршка на фондацијата „Барка”, како и проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија”, имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.

Пред почетокот на проекцијата на филмот ќе се обратат претставник на полската Амбасада, режисерот Небојша Јовановиќ, претседателката на здружението „Барка”, Барбара Садовска, како и претставник на Амбасадата на Полска и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.