Семејството на Ристо Стефановски одбива да присуствува на утрешниот настан организиран од Драмски театар, нарекувајќи го недостоен не само за неговото, туку и за ликот и делото на а глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци.

Драги пријатели и почитувачи на делото на Ристо Стефановски:

Во името на најблиската фамилија на нашиот татко и дедо Ристо, сакаме да кажеме дека нема да присуствуваме на утрешниот настан што го организира Драмски театар.

Главната причина е поради тоа што сметаме дека комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку МОРА да има, а друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци. Лесна им земја на сите – легенди.

Сепак, би сакале и да ве информираме дека Комеморација за Ристо Стефановски ќе има, наскоро, и дека на неа ќе биде јасно зошто токму тој заслужува такво нешто…бидејќи, да бидеме реални, ќе имаше ли историја на „Македонскиот Театар” без него и дали толку прецизно ќе беше документирана?
За комеморацијата благовремено ќе ве известиме, се вели во соопштението од фамилијата на Ристо Стефановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.