На 80 годишна возраст почина Радко Полич, кој беше меѓу најпочитуваните театарски и филмски актери во Словенија и во другите земји на поранешна Југославија и кој остави неизбришлива трага на театарот, објави Здружението на драмски уметници на Словенија.

Радко е роден за време на Втората светска војна во Чрномље. Дипломирал на отсекот драмски и уметнички говор на АГРФТ во 1965 година. Тој беше актер кој создаде повеќе од сто театарски, над педесет филмски и десетици радио улоги.

Радко Полич – Рац остави неизбришлива трага на театарот во Словенија. Списокот на неговите улоги, по кои ќе остане во меморијата на публиката и слушателите, е навистина долг и непроценлив.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.