Во пресрет на „11 Октомври“, еден од најголемите национални празници, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде отворена поставка на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски.

На 10 октомври во 18:30 часот во библиотеката „Борка Талески“ ќе биде отворена изложба на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски, стои во најавата за настанот.

Актери од театарот „Војдан Чернодрински“: Даниела Иваноска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова Јоциќ.

Во пресрет на еден од најголемите национални празници, токму во предвечерието кога пред 82 години е означен почетокот на антифашистичката борба во Градот Херој и Првоборец, ќе чествуваме заедно со најсовременото оружје на 21 век- културата, моќта на уметноста и зборот., велат меѓудругото организаторите.

На социјалните мрежи Сергеј Андреевски изрази задоволство за можноста прв пат да го претстави своето творештво во Прилеп во пресрет на празникот 11 Октомври.

Чест ми е, за прв пат и тоа токму спроти Денот на народното востание на македонскиот народ, да претставам дел од моето творештво во градот на непобедените, вели Сергеј Андреевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.