Дотраеното парно ги одложи претставите на штипскиот театар. Според директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Горан Трајков, причината е старото и дотраено парно греење во зградата на Народниот театар Штип (НТШ) кое деновиве не работи.
Посочи дека се бараат делови за поправка на парното, за да не се откажат и останатите престави, надевајќи се дека до 8 февруари ќе биде поправено.
Причините се тие, имаме проблем со парното. Од 1970 година до денес парното не е репарирано и дојде до својот крај. Работиме да најдеме резервни делови, ама делови на лагер нема, очекуваме стари делови да најдеме и да почнеме со програмата. Се извинувам на публиката и се надевам дека проблемот ќе се надмине, вели Трајков.
Засега е откажана само една престава со тенденција парното да биде поправено и да се реализира преставата закажана за осми февруари. Трајков потенцираше дека граѓаните прават само резервации, а не купуваат карти. Вели дека за поправака на парното сега се потребни над 57 илјади денари.Апелираше до општествено-одговорни компании доколку се во можност да помогнат во санацијата на парното во зградата на штипскиот театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.