Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА отвори повик до театарската заедница во земјава за пишување на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот.

Повикот се однесува до сите драмски академии, театри, фестивали, независни организации, индивидуалци кои треба да предложат свој кандидат (театарски режисери, актери, драматурзи, драмски автори, продуценти, менаџери, театролози, сценографи, костимографи) за пишување порака.

Светскиот ден на театарот се одбележува на 27 март, а досега редовно се одбележувал и во Македонија.

Номинациите за кандидатите треба да се испратат на е-адресата: [email protected] со ознака „За Светскиот ден на театарот – 27 март 2023 година“ најдоцна до 10 февруари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.