Во сите книжарници на „Литература.мк“ од денеска до 16 февруари ќе се одржува третото издание на „Денови на литературата“. Ќе има попуст до 50 отсто и подарок книга за секоја сметка од „Арс Ламина“, како и голем број промотивни настани.

Во акцијата се вклучени изданија од „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, „Артконект“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Или-Или“, „Култура“, „Мартина“, „Нампрес“, „ПНВ Публикации“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Слово“ и „Три“, соопшти Литература.мк.

Попустите важат во сите книжарници на „Литература.мк“ – во „Скопје Сити мол“, „Ист гејт мол“, ТЦ „Рамстор“, ТЦ „Буњаковец“, „Веро Центар“ и на ул. „Македонија“ во Скопје, како и во Битола (на „Широк Сокак“) и во Струмица.

Во рамките на „Денови на литературата“ ќе се одржат и повеќе промотивни настани за книги во издание на „Арс Ламина – публикации“, работилници, дружење со автори…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.