Mузеј на македонската борба почнува со претставување на новата музејска поставка посветена на Првата светска војна.

Почнуваме со претставување на новата музејска поставка посветена на Првата светска војна, која ја реорганизиравме и редизајниравме во текот на минатата година.

Погледнете ги првите витрини од новиот музејски концепт посветени на генезата и почетоците на дотогаш најголемата империјалистичка војна во светот којашто траела од 1914 до 1918 година.

Првата светска војна е глобален настан кој е тесно поврзан со Македонија и Балканскиот регион. Добропознатите историски факти овој пат ги претставуваат исклучителните предмети од нашата музејска колекција кои нѐ потсетуваат дека македонската територија не била само бојно поле на спортивставените сили, туку тивок сведок за судбината на обичниот човек во време на војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.