Во петок(12.05) независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, ќе настапи на вториот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино, со дуодрамата „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска според роман на Лук Дејвис и авторски материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Фестивалот е од натпреварувачки карактер, а претставата е селектирана во официјалната конкуренција. Во „Кенди“ играат актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски, а музиката е на Лука Тошев.
Изведбите на „Кенди“ во Скопје се одржуваат во Младинскиот културен центар.

– Кенди е љубовна приказна, но истовремено е сурово истражување на животот со зависност и приказ на времето во кое живееме. Претстава што говори за младиот човек денес, за борбата со болеста зависност и дискриминацијата што доаѓа со неа, за недостатоците во здравството и за тие што немаат поддршка, за сите млади луѓе што се чувствуваат заглавено во машинеријата на системот – вели режисерката Тамара.
Наредната недела, во среда(17.05), дипломската претстава „Разнесени“ на режисерката Тамара Стојаноска ќе го отвори интернационалниот студентски фестивал „Фист“ во Белград, Р. Србија. Автор на „Разнесени“ е Сара Кејн, а користена е дел од поезијата на Милена Марковиќ и Силвија Плат, претставата е копродукција со универзитетот „Еуропа Прима“ од Скопје. Бобан Алексоски, Ива Петровска и Ане Блажовски се актерите во претставата, музиката е на Лука Тошев, а дизајнот на рекламниот материјал и во двете претстави е на Бојана Цилевска.

„Разнесени“ исто така посочува на системот кој се бори со една тажна, насилна и бесмислена епоха во која живеееме, кајшто владее секаква омраза и страв, од разисам до хомофобија, со една надеж за промена во светот и општеството воопшто. – се вели за претставата.

Освен фестивалските изведби, театар „Златен Елец“ периодов, редовно ги репризира сите претстави во Скопје и низ државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.