На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Момчето со пругасти пижами“ од Џон Бојн, а во режија на Владимир Јованоски.

Актерска екипа:

 

Бруно: Никола Стојановски

Франц Вајсман: Владимир Јованоски

 

Елса Вајсман: Мелиса Ценовска-Серафимовска

Јоди: Клара Настова

 

Павел: Зоран Јованоски

Гунтер: Марко Ристоски

Гретел: Меланија Серафимовска

Евреи: Матеј Печеновиќ, Ивана Давидовска, Сандра Ристоска, Михаела Матеска

Жива слика за војната и нејзините ужаси низ призмата на интензивен психолошки судир на архетипните карактери кај едно нацистичко семејство во окупирана Полска. Длабоко скриени брачни тајни испреплетени со расизам, љубов и ксенофобија. Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ се обидува да застане на браникот на колективната меморија на човештвото пред тоа да умре од цивилизациска деменција. Приказна за идиличен почеток на трагичниот крај.

„Кармата е загарантирана, а сегашноста никогаш не му простува на минатото“. Претстава која нема да Ве остави рамнодушни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.