На овогодишниот XLII Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани”, по покана на селекторот на фестивалот Слободан Савиќ (театарски критичар и уредник на РТС), во официјалната програма од селектирани 70 претстави, одбрана е претставата „Народен непријател” по текст на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ.

Претставата ќе се одигра на 25 октомври на сцената „Бора Станковиќ” во Врање. Овогодишната фестивалска програма ќе трае од 21 до 28 октомври под слоганот „Театарот во трауматизираното општество”, а ќе учествуваат и театарските куќи од Р Србија, Р Хрватска и Р Романија, при што директорот на театарот истакна дека од година на година се зголемува бројот на угледни претстави кои доаѓаат во Врање, а годинава тоа е посебен предизвик, бидејќи има и претстави од регионот, што не било случај до сега кога се во прашање „Борини позоришни дани”.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.