Претставата „Куќа, дом“, авторски проект на Катја Легин на Креативен центар Крушче од Словенија закажана за во вторник во приватна куќа во Капиштец од 21 часот е распродадена, а организаторот на Млад отворен театар (МОТ) пушти во продажба уште еден, втор термин, од 18 часот, соопштија од Младински културен центар (МКЦ).

Претставата „Куќа, дом” е авторска претстава на Катја Легин, актерка, танчерка и основачка на Општественото студио за истражување во уметноста на играта „УЦ Крушче” во Словенија. Таа, заедно со нејзиниот уметнички и животен партнер, театарскиот режисер Томи Јанежич, кој воедно е и советник во проектот, заеднички го водат културниот центар во Крушче посветен на уметничкото истражување, создавање, резиденцијален престој и неформално уметничко образование. Перформансот „Куќа, дом” која се изведува во специфичен, не – театарски простор (дом), таа вели – “една претстава не е вистинска претстава ако не треба да чистите по изведбата”. Оригиналната претстава се изведува во нивниот дом, каде е сместено и студиото во кое работат. Во неа, авторката истражува повеќе теми – краде од филмот, користи поп и прави сѐ што може за да се случи Театар. Жонглира со темите на женственоста и животните сокови, домот, семејството и отсуството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.