КСП ЦЕНТАР ЈАДРО ги повикува сите ентузијастични волонтер(к)и да ни помогнат во организирање на овогодинешното издание на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ!

МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ ќе се одржи на 22, 23 и 24 септември. Како и минатата година, така и оваа, фестивалот на КСП Центар ЈАДРО, организиран во соработка со Општина Центар, ќе ги развесели и разигра скопските маалски улици. Очекувајте многу улични танцови перформанси, книжевни читања, прошетки по маало, концерти, работилници, филмски промоции, театарски претстави…

За организирање на овие бројни културни настани, потребни ни се волонтер(к) кои имаат желба да  се запознаат со процесот на подготовка и реализација на фестивалот.

Доколку сакате да бидете дел од оваа наша и ваша мала, маалска приказна, може да не’ контактираат на мејлот [email protected] со назнака | Повик за волонтер(к)и на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ|

Во мејлот задолжително наведете: име и презиме и телефон за контакт.

Повеќе за претходитo фестивалскo изданија погледнете ЛИНК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.