Во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Курбиново в понеделник (5 јуни 2023 година), во 11 часот, ќе бидат презентирани досегашните резултатите од соработката меѓу НУ „Заводот и музеј“ – Битола и „Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици“ од Солун на проектот за „Конзервација на ѕидното сликарство на црквата св. Ѓорѓи во с. Курбиново“.

На средбата ќе присуствуваат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, директорката на НУ „Заводот и музеј“ – Битола, д-р Мери Стојанова, со тимот конзерватори, како и директорката на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, д-р Флора Карајани, со својот стручен тим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.