Во вторник на 5 септември во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 20:00 часот ќе се одржи концертот на Трио Арс Есенди. Ова е прв настап на триото во Македонија.

Инаку триото кое е составено од Олег Цингарски, Марија Прокофиева и Ева Стрејцова изникнало во почетокот на нивните индивидуални студии на Академијата за Музички Уметности во Прага. Со овој концерт триото ја започнува својата серија на концерти надвор од Чешка Република.

Арс Есенди ќе ги изведе едно од најпознатите клавирски триа на Л. в. Бетовен и монументалното клавирско трио од Ф. Менделсон бр. 1 де-мол.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.