Фондацијата „Ице Бегов“ синоќа во Македонска Каменица го организираше вториот хуманитарен настан „Небо сино“ со цел обезбеудвање на средства за летен камп на корисниците од дневните центри за лица со посебни потреби од Македонска Каменица и Делчево.

На годинешниот хуманитарен настан ‘„Небо сино’’ настапија дечињата од ЈОУДГ Бамби, играорната група при КУД ,,КУД Вера Јоциќ’’, бендот на нашиот сограѓанин Никола Велиновски „Риплеј Бенд“, Ангела Димитриевска, а свој настап имаа и штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, Стефан Постолов и Јордан Андов. Специјален гостин на хуманитарниот настан беше и македонска музичка ѕвезда Ристо Самарџиев, информираа од фондацијата „Ице Бегов“.

Овој хуманитарен настан, како што истакна градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, се очекува да прерасне во традиција со цел заедно со граѓаните на Македонска Каменица да се подигне јавната свест за поддршка на дневните центри.

Целта на ваквите настани е заедно да покажеме дека човекот е човечен, да покажеме добрина и да донираме средства за лицата со посебни потреби. Летниот камп за корисниците од Дневните центри за лица со посебни потреби во Македонска Каменица и Делчево ќе се одржи во месец септември во Охрид, истакна Атанасовски.

Фондацијата „Ице Бегов“ е основана во април 2022 година и една година по нејзиното формирање, има реализирано повеќе проекти. Преку организација на хуманитарни настани, Фондацијата работи на продолжување на споменот на Ице Бегов и неговиот хуман дух.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.