В сабота, на 11 март со почеток од 12 часот, во КСП Центар Јадро ќе се одржи хуманитарен концерт за погодените семејства од катастрофалните земјотреси во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и Сирија.

На концертот ќе настапат: Хана Корнети, Музички проект Фортуна (Марија Каева, Владан Дробицки, Дино Милосављевиќ), Трио (Драган Теодосиев – тапани, Филип Букуршлиев – електрична гитара, Јордан Костов – хармоника).

Минималната препорачана донација за концертот изнесува 200 денари, кои посетителите ќе можат да ги оставаат во кутиите за донации што ќе бидат поставени од Црвениот крст за време на настанот во Центар-Јадро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.