Со претставата „Странци“ на режисерката Нела Витошевиќ, Драмски театар вечерва во 20 часот ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес, на првото издание на фестивалот „5ре“, посветен на Петре Прличко. Фестивалот има ревијален карактер, а ќе учествуваат седум претстави на македонските театри.
Како што најавија од Драмски, по Велес, екипата ќе патува Битола, каде ќе гостува на ревијалната програма на Интернационалниот фестивал на монодрама, на големата сцена во Центарот за култура во 20 часот.
Режисерката Нела Витошевиќ вели дека „Странци“ е „претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публиката и за тие на сцена“.
Улогите ги толкуваат: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа – Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.