Утре (13.2.2023, понеделник) со почеток во 11 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи перформанс за финансиска поддршка на настраданите во Турција и Сирија, соопштија од посателската асоцијација.
Акцијата ја организира Друштвото на писателите на Македонија заедно со писателот Венко Андоновски.Имено, авторот Венко Андоновски, кој е годинашен добитник на наградата „Стале Попов“ за својот роман „Папокот на светлината“, на петнаесет ликовни платна ќе испише петнаесет одбрани авторски реченици-пораки, кои потоа ќе бидат понудени на хуманитарна аукција на фирмите во Скопје и Републиката за донирање средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.