Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечерва во 20 часот во Национална Галерија – објект Мала станица ќе ја отвори „Годишната изложба“. На отварањето на изложбата ќе има протест упатен кон надлежните државни институции за состојбата во која се наоѓа ДЛУМ.

Оваа година учествуваат 55 автори-членови на ДЛУМ, кои се претставуваат во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми.

На отворањето, Друштвото ќе ги додели наградите за сликарство, скулптура, графика и за нови медиуми.

Несомнено дека годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставува голем културен настан во нашата средина. Затоа тие изложби се значајна состојка од летописот на нашата ликовна уметност. Еден аргумент е непобитен: дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на тие ревијални изложби, почнувајќи од првата таква изложба во далечната 1945 година, па се до денес. Друштвото за да ја задоволи желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на заеднички настап, без критериумот на селективност ја организира оваа ревијална изложба. На тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ всушност станува арбитар за себеси, а истовремено ја превзема и целата одговорност и ризик на излагањето, велат од Друштвото.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.