Жири- комисијата за наградата „Браќа Миладиновци“ ја утврди заедничката листа на потесен избор од пет книги, од кои ќе се избере добитникот на наградата.
Согласно, Правилникиот за наградата „Браќа Миладиновци“, членовите на Жири-комисијата работеа во две фази: поединечна и заедничка. Во поединечната фаза, секој член на Жири-комисијата работеше самостојно, без да ги знае останатите членови и изготви негов личен потесен избор од пет книги кои ги рангираше од прво до петто место.
Откако индивидуалните избори на секој член од Жири-комисијата беа доставени до дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, беше свикан заеднички состанок на кој членовите на Жири-комисија почнуваат со заедничка работа утврдуваат заеднички избор од пет книги според бројот на гласови кои одделните книги ги добиле при поединечните избори на Жири- Комисијата и според гласањето на мнозинството на комисијата
Врз основа на индивидуалните избори, беше направен заеднички избор од пет наслови. Редоследот на книгите во заедничкиот избор не одразува фаворизирање на насловите туку е направен по азбучен ред, според презимињата на авторите. Утврдени се следните пет книги:
- Башевски Димитар – „Дни, години“, Слово
- Коцев Јосип – „Две мориња“, Антолог
- Михаилова Бошнакоска Гордана – „Мед и младост“, Макавеј
- Трајковски Дејан – „Филмски песни“, Бата прес милениум
- Ќулавкова Катица – „На врв на јазикoт“, Арс Либрис
Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик, што ја доделува НУМ „Струшки вечери на поезијата“ ќе биде прогласен на 28.07.2023 г. (петок) на прес-конференција со почеток во 10 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје. На прес-конференцијата ќе присуствуваат членовите на Жири-комисијата, а ќе бидат поканети и авторите од потесниот избор.
На Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ кој беше распишан од 31 мај до 25 јуни, пристигнаа вкупно 35 наслови. НУМ „Струшки вечери на поезијата“ им се заблагодарува на сите автори и издавачи што конкурираа за наградата. Во продолжение е списокот на сите пристигнати книги:
- Милчо Мисоски – „Ефемиди“, издавач „Индиго хаб“
- Гордана Каракашевска – „Патот на водата“, издавач „Современост“
- Христина Илиоска – „Разговор со месечината“, издавач „Дата песнопој“
- Оливера Јовановска – „Слушни го срцето“, издавач Македонско литературно друштво „Григор Прличев“
- Јосип Коцев – „Две мориња“, издавач „Антолог“
- Маја Мојсова – „Набљудувај небо“, издавач ЗПРКДУ„Креативна верига“
- Станоеска Благица – „Светла милокрвност“, издавач Здружение за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН
- Даим Мифтари – „Куќа што танцува“, издавач ЗРУМ „ПЕРУН АРТИСТ“
- Јулијана Младеновска-Тешија – „Куќа“, издавач „ТРИ“
- Наташа Сарџоска – „Часови по измама“, издавач „ТРИ“
- Виолета Танчева-Златева – „Глуво време“, издавач ТРИ“
- Борче Панов – „Анатомија на небото“, издавач„Индиго хаб“
- Гордана Михаилова Бошнакоска – „Мед и младост“, издавач „МАКАВЕЈ“
- Христо Петрески – „Човек,врата“, издавач МАКАВЕЈ“
- Дејан Трајкоски – „Филмски песни“, издавач „Бата прес милениум“
- Димитар Башевски -„Дни,години“, издавач „Слово“
- Васко Марковски – „Скопски улици“, издавач “Бегемот“
- Тони Манџуковски-Манџук – „21г. ® “…збирка стихови откорнати од душата…. ,издавач „ВИНСЕНТ ГРАФИКА“
- Александра Спасеска – „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“, издавач „ПНВ Публикации“
- Снежана Стојчевска – „Празно место“, издавач Современост
- Ива Дамјановски – „300 ветрила“, издавач Темплум
- Моника Стојановска – „Има и такви денови“, издавач Конгресен сервисен центар- подружница ПОЛИЦА
- Маријана Митревска Македонска – „Дневникот на Мери Ен“, издавач ПЕСНОПОЈ
- Ѓоре Ѓелев – „Тежината на вториот чекор“, издавач МАКЕДОНИКА литера
- Сашо Огненовски – „Други далечини“, издавач ПНВ Публикации
- Дејан Крстески – „Утрото по крајот на светот“, самостојно издание
- Павлина Атанасова – „Карпа во морето“, издавач ПНВ Публикации
- Марија Велинова – „ Омарнина што омалаксува“, издавач ПНВ Публикации
- Перица Сарџоски – „Огнен пој“, издавач ПНВ Публикации
- Братислав Ташковски – „За сите времиња“, издавач ПНВ Публикации
- Трајче Кацаров – „Поезија на маслата за ручање“, издавач Матица Македонска
- Јовица Ивановски – „Живот на меѓукат“, самостојно издание
- Ана Голејшка Џикова – „Слобода А“, издавач ПНВ Публикации
- Тихомир Јанчовски – „Ден Година“, самостојно издание
- Катица Ќулавкова – „На врв на јазикoт“, издавач Арс Либрис
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.