Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и министерката за труд и социјална работа, Јованка Тренчевска, беа денешни гости во Археолошкиот музеј во Скопје заедно со децата од Центарот за бездомни лица од Чичино Село и од Дневните центри за деца на улица од Кисела Вода и од Шуто Оризари.

            Директорката на Музејот, Славица Бабамова, на сликовит начин адаптиран за детската возраст, ги запозна „малите археолози“ со пронајдените археолошки предмети кои беа изложени на поставката „Стибера, 70 години археолошки истражувања“. 

Најмладите поминаа квалитетно време во читање во катчето предвидено за деца заедно со двете министерки, кои им подарија сликовници од македонски автори. Истовремено, тие стекнаа нови знаења за македонското археолошко културно наследство преку соодветни тематски сликовници наменети за деца.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека е од особена важност да се развијат читачките навики уште од најрана возраст, а тоа ќе придонесе најмладите да ги внесеме во светот на фантазијата, на приказните и да ја побудиме креативноста кај нив. Во приоритетите на Министерството за култура е објавувањето литература за деца со цел да го поддржиме книгоиздаваштвото. Костадиновска-Стојчевска додаде дека имаме плејада млади автори кои се посветени на детското литературно творештво, а Министерството за култура и во иднина ќе продолжи да ја поддржува нивната авторска работа. 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.