Археолошкиот тим на Музеј Куманово откри многу ретки фрески од 4 или 5 век на локалитетот Градиште – Бислим во селото Пчиња.

Освен фрагментите, како што информираше раководителот на тимот Дејан Ѓорѓиевски, откриен е и мал дел од слика на светец на најстарата црква откриерна на локалитетот, што има уникатно и посебно значење.

Со истражување на наодите кои оваа конструкција ги покрила, наидовме на постари фрагменти од фреско декорација, со претежно геометриска орнаментика, кои ги датираме во втората половина на 4 или самиот почеток на 5 век. Големо изненадување за нас беше тоа што, освен што откривме геометриски мотиви во сликарството на најстарата црква, откривме и еден фрагмент од фреска на кој има сочувано претстава на рака на светител, вели Ѓорѓиевски за порталот Кумановски муабети.мк

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.