Меѓународниот фестивал на оперската уметност „Мајски оперски вечери“ започнува на 9 маj, а ќе трае до 31 мај, објави на својот фејсбук профил Национална опера и балет.

Во рамките на овој реномиран фестивал ќе се изведат некои од најубавите, најграндиозните оперски претстави, една балетска претстава и едно вокално-инструментално дело со настап на реномирани домашни и светски режисери, диригенти, кореографи, оперски и балетски солисти. Овогодинешната концепција е проткаена со тематската линија на одбележувањето на 210 години од раѓањето на великанот на оперската уметност, големиот маестро Џузепе Верди.

Програма на 51 „Мајски оперски вечери”: www.operabalet.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.