Портпаролката на Белата куќа Адриен Вотсон во објава на Х рече дека САД не веруваат оти Израел е одговорен за вчерашната експлозија во болницата во Газа.

Таа додаде дека САД продолжуваат да собираат информации за експлозијата.

Додека продолжуваме да собираме информации, нашата сегашна проценка, базирана на анализа на воздушни снимки, пресретнувања и информации од отворени извори, е дека Израел не е одговорен за вчерашната експлозија во болница во Газа, рече таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.