Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги денеска во Скопје го лишија од слобода И.М.(48) од Струмица.

Како што соопшти МВР, И.М. бил баран со меѓународна потерница поради бегство од затвор за доиздржување на казна затвор во траење од една година, четири месеци и 15 дена. Тој бил приведен во рамки на оперативната акција „Жетва“.

И.М. бил осуден поради сторено кривично дело по член 247, став 4, во врска со став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

И.М. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа за доиздржување на казната, се вели во соопштението од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.