Ниту 3 минимални плати кои ги предлагаат неспособните од СДС и ДУИ нема да ги спасат граѓаните од сиромаштијата во која тие ги втурнаа, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Рекордната инфлација во Македонија која достигна и до 20% е меѓу највисоките во Европа, а и светот.

Реалната инфлација во Македонија на основните прехранбените продукти е поголема и според Државниот завод за статистика таа достигна и над 30%.

Но цените за некои основни продукти се покачени и скоро 100%.

Во време кога просечната инфлација за 2022 година е 14,2 а реалната инфлација во основните прехранбени продукти и над 30%, покачување од 11% на минималната плата е премало и потценувачки за граѓаните.

Растот на сметките за струја, како и новото покачување кое ќе го добијат граѓаните на наредната сметка целосно ќе го изеде и така малиот стандард на граѓаните.

Синдикатите во Македонија јасно и посочуваат на владата, дека ниту 3 покачени минимални плати нема да ги покрие трошоците на потрошувачката кошница.

Потребни се итни мерки во економијата, помагање на бизнис секторот за да може да ја преживее оваа криза, се со цел да не ги затворат своите бизниси и да не отпуштат работници.

Потребни се и итни мерки во оваа криза во која не втурна СДС и ДУИ и за најранливите категории на граѓани, за да можат да го преживеат месецот, велат од ВМРО ДПММЕ

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.