Поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски остро го критикува додатокот на сметките за електрична енергија, на кои стои „субвенција од Владата на Република Cеверна Македонија“.

Вака сега… ова го добив со последната сметка за ел. енергија.
Сериозно очекувам во следната да нема вакво нешто бидејќи…
1. Неспособноста на владата да обезбеди соодветно производство на електрична енергија го покрива со мои (наши) пари од буџетот.
2. наместо ова во сметките за електрична енергија сакам да напишат колку пожарникарни, возила за брза помош, субвенции за земјоделието, проекти во културата и инвестиции во инфраструктурата се оневозможени зошто владата заради својата неспособност парите ги дава на есм.
3. Исто така наместо ова сакам во наредната сметка да добијам извештај колку заработиле фирмите на Заев, Ковачевски, Ахмети и останати од дубиозните трговии со ел. Енергија.
4. бидејќи овие пари со кои се фали владата се мои (наши) ДКСК и ДИК сериозно да го разгледаат ова со сметкиве и да се произнесат оти ова сериозно наликува на предизборна корупција, и злоупотреба на државни средства за политичка примоција.
5. ако тие не го направат ова, ги замолувам пратениците на опозицијата да го постават ова прашање до оној Бислимовски или како се викаше и до ЕВН и да бараат детално извештај како ова не е злоупотреба на системот за директен маркетинг.
6. за брзо ќе дојде време кога секој еден денар што го злоупотребивте во енергетскава криза ќе треба да го образложите така што… полека не трчајте пред време!!!
И за крај… знаете ли колку фирми затворија и колку луѓе останаа на улица заради вашата неспособност да обезбедите енергетска сигурност и стабилност во државава и вие уште се фалите злоупотребувајќи ја добрината на овој народ! Море мрш непрокопсани едни!, пишува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.