Прометот во индустријата, вкупно, во октомври годинава во однос на истиот месец лани, е зголемен за 5,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година, бележи пораст кај Капитални производи за 24,1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 проценти, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,4 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14,2 проценти.

Според ДЗС, прометот во индустријата, вкупно, во октомври во однос на септември годинава е намален за 9,3 отсто, додека во периодот јануари – октомври годинава во однос на истиот период лани е зголемен за 15,3 отсто.

На домашниот пазар се бележи раст од 2,9 отсто на прометот во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година.

Податоците на ДЗС според главните индустриски групи, покажуваат дека прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври годинава, во однос на октомври лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за два проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 18,8 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2022 година, во однос на септември 2022 година, е намален за 10,3 отсто, додека во периодот јануари – октомври 2022 година, во однос на периодот јануари – октомври 2021 година, е зголемен за 11,4 отсто.

На странските пазари, има зголемување од 6,5 отсто на прометот во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 24.6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,5 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18,7 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 30,2 проценти. Прометот во индустријата на странските пазари, во октомври во однос на септември лани е намален за 9,2 отсто, додека во периодот јануари – октомври годинава, во однос на истиот период лани е зголемен за 16,1 процент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.