На денешната владина седница е усогласен деветиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра. Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност насочени кон ранливите категории на граѓани и компании.
Со мерките се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „МојДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и над 70 илјади компании.
Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека над 105 илјади основци и средношколци во наредните шест месеци ќе добиваат по 1,200 и 1.800 денари месечно.
15 илјади студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер во износ од 600 до 1200 денари за превоз. Во наредните пет месеци, по 1000 денари ќе добијат корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители и родители на деца со попреченост до 26 години, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Во наредните пет месеци, пензионерите со пензија до 14 илјади денари, ќе добиваат по 3000 денари месечно, оние со пензија од 14 до 16 илјади – 2000 денари месечно, додека оние со пензии од 16 до 19 илјади денари, ќе имаат поддршка од 1500 денари, истакна меѓу другото претседателот на Владата.
Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот рече дека мерките ќе важат од 1-ви декември и финансиските средства се предвидени според Буџетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.