Маркетите ги почитуваат мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, некои производи како млекото и месото, веќе бележат поевтинување од 10 до 40 отсто.

Мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“ се почитуваат во маркетите без никаква селективност и веќе гледаме дека има намалување на цените на основни прехранбени производи од 10 до 30 и 40 проценти. Тоа се млекото, месото, производи од делот на зеленчукот, овошјето и тоа може да се види во маркетите, истакна тој, одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата „Македонска економија-довербата расте“.

Тој уште еднаш напомена дека владините политики даваат резултат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.