Со амандманот на ВМРО-ДПМНЕ платите на просветните работници ќе се усогласат и зголемат и до 70%, а пензиите 20%, се наведува во партиското соопштение..

ВМРО-ДПМНЕ со амандманот на Законот за минимална плата бара усогласување на платите во јавниот сектор согласно Колективниот договор кој го имаат потпишано синдикатите со министерството, со што платите на наставниците во основните и средните училишта ќе се зголемат и до 70%, исто така покачување ќе има и за административно техничкиот персонал.

ВМРО-ДПМНЕ дополнително преку Собранието бара зголемување на пензиите за 20%, со што ќе се усогласат со покачените цени, и нема да дозволат пензионерите да влезат во оскудност.

Власта да покаже слух и да ги поддржи законските решенија предложени од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.