СДСМ е против зголемување на платите и не сака да се откаже од акцизата, а секаде во светот се укинуваат даноците на горивата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека пратениците од СДСМ и ДУИ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.800 денари, што е всушност и порамнување по зголемување на минималната плата и обврска на власта.

Но, пратениците од СДСМ гласаа против, исто како што гласаа против намалување на акцизата на горивата за 50% и намалување на ДДВ од 18% на 5%. И тоа во време кога во Германија се намали данокот на горивата, а вчера и во САД претседателот Бајден побара од Конгресот суспензија на федералниот данок на горивата во период од 3 месеци.

 

Во Германија со намалувањето на даноците литар гориво е скоро иста цена како во Македонија, со 10 пати поголеми плати.

 

ти, а во САД горивото е далеку поевтино, но и таму се намалуваат даноците.

 

Само пратениците од СДСМ и ДУИ не сакаат да гласаат за повисоки плати и намалување на даноците и акцизата на горивата.

 

Само СДСМ и ДУИ работат против граѓаните. Затоа премногу е. Промени – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.