Од ВМРо-ДПМНЕ реагираат за тоа што СДСМ крати од ставките за развој, односно предвидува 15.7% помалку во развојната компонента на буџетот.

Власта крати 2.2 милијарди денари од потпрограмата за патна инфраструктура.

Намалени се и средства во Министерство за животна средина за цели 335 милиони денари.

Се кратат пари и од образование.

СДСМ и ДУИ со ребалансот на буџетот кратат пари од капитални инвестиции, а трошат на непродуктивни трошоци.

Власта не работи за народот, туку целиот систем работи за неколку луѓе блиски до врвот на власта.

Нема пари за народот, има 1.4 милиони евра за Заев. Нема за плати и инвестиции, има за златни тањири, вилушки и лажици во владата.

Со СДСМ државата тоне. Народот осиромашува. Премногу е – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.