Македонија е најзадолжена земја во Европа, а власта се фали со нови задолжување, вели во соопштение најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими се фали со нови задолжувања преку ММФ, додека Македонија изминатите 2 години се задолжи за над 1.6 милијарди евра, а со новото најавено задолжување се очекува долгот да изнесува над 2.3 милијарди евра. Јавниот долг на државата ќе изнесува неворајтни 7.9 милијарди евра.
Власта на СДСМ и ДУИ парите на граѓаните ги троши за непродуктовни трошоци и криминални тендери, економијата тоне и државата е клекната на колена. Го гледаме Бесими како гордо се фали добри економски политики пофалени од ММФ и Светска Банка, а реалноста е сосема поинаква- се посиромашни граѓани.
Да го потсетиме Бесими дека во 2011 години, Македонија беше првата земја во светски рамки која зема Заем по истиот инструмент преку ММФ, во износ од 463 милиони евра, а беа искористeни само 220 милиони евра од истата квота.
Овој нов долг кои ќе го земе оваа криминална власт не е за сигурност и стабилизирање на економијата, туку единствено за крадење и богатење на функционерите на СДСМ И ДУИ.
Грабежот на граѓаните и уништувањето на економијата за многу брзо ќе запре, со брзите предвремени избори, каде што граѓаните ќе ја казнат ова криминална власт на СДСМ и ДУИ, порачаа од опозициската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.