Владата ги залажува граѓаните со наводни антикризни мерки од 1.000 денари, со кои едвај може да се купат 2 килограми кашкавал.

Власта се однесува безобразно, затоа што додека на народот му фрла трошки, Ковачевски зема за 1.100 евра поголема плата, Пендаровски 1.200 евра, а Џафери 1.000 евра.Со еден збор кажано, Ковачевски, Пендаровски и Џафери за секој работен ден земаат по 50 евра повеќе плата од до сега, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

И сега Ковачевски кој зема илјадници евра годишно, народот го залажува со 1.000 денари, и тоа во време кога 600.000 наши сограѓани живеат во сиромаштија.

Народот не се залажува со 1.000 денари. Народот сака подобар живот. Со Ковачевски и СДС и ДУИ тоа не е можно

СДСМ смета дека антикризните мерки даваат мерки.Како пример ги наведуваа пензионерите кои за пет месеци ќе добијат 15.000 денари помош.

Новиот пакет антикризни мерки, креиран од Владата предводена од СДСМ предводува 36 милиони евра за финансиска поддршка за 187.000 пензионери со пониски пензии.Пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки, по 3.000 секој месец.Тие што имаат пензии до 14.001 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а оние со пензија од 16.001 до 19.000 денари по 1.500 денари-велат од владејачката партија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.