Шпанската министерка за финансии Надија Калвино е фаворит за преземање на челната позиција во Европската инвестициска банка (ЕИБ) од Вернер Хојер, пренесува Политико, објави ФоНет.

Белгискиот министер за финансии Винсент Ван Петегем, кој го води процесот на селекција, ќе испрати писмо до своите европски колеги во кое ќе ја поддржи Калвино за функцијата, изјавија двајца функционери за Политико, кои сакаа да останат анонимни. Ван Петегем досега се воздржуваше да предложи единствен кандидат, бидејќи немаше консензус меѓу членките на ЕУ. Министрите за финансии сега треба да гласаат дали да ја поддржат Калвино, на состанокот што ќе се одржи во Брисел следниот петок.

Германскиот канцелар Олаф Шолц јавно ја поддржа Калвино на состанокот на највисоките европски социјалистички лидери во Шпанија претходно овој месец, а Франција допрва треба да го објави својот избор. Главен ривал на шпанската министерка беше еврокомесарката за конкуренција Маргарет Вестагер од Данска, која моментално ја замрзна позицијата да се фокусира на нејзината кандидатура, а покрај неа има уште четворица кандидати за челната позиција во банката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.