Државната компанија за производство на струја АД ЕСМ (ЕЛЕМ) спроведе уште една тендерска постапка по пат на директни преговори без претходно објавување на оглас за ангажирање на помошна механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола, открива „Фокус“. Според податоците од Бирото за јавни набавки, во рамки на оваа тендерска постапка, врз основа на рамковни спогодби, АД ЕСМ месецов склучи договори за ангажирање на помошна механизација со 3 компании, чија вкупна вредност изнесува над 230 милиони денари или околу 3,7 милиони евра.

Од државната компанија за производство на струја за порталот објаснуваат дека одлучиле да ја применат помалку транспарентната тендерска постапка со директни преговори без објавување на оглас, наместо вообичаената отворена постапка, поради крајна итност.

Итноста од потребата за реализација на оваа набавка е во насока на одржување на стабилноста на производството на планирани количини јаглен, но и за сите дополнителни планови за производство на јаглен кои во моментот беа неопходни да се изработат со цел олеснување на енергетската криза во која се наоѓа нашата земја, стои во образложението на компанијата.

Од таму посочуваат дека енергетската криза, чиј максимум доправа се очекува, налага брзо да се реагира во поглед на снабдување на доволни количини на јаглен за работа на термоелектраните во РЕК Битола.

Моменталната состојба со отежнати услови за реализација на потребните количини на јаглен поради недостатокот од бараната помошна механизација, а со тоа и обезбедување на потребните количини на електрична енергија во моменти на енергетска криза, бараат итна реакција…, велат од таму.

Повеќе на „Фокус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.