Министерот за економија Крешник Бектеши, изјави дека во вторник ќе биде замрзната цената на лебот и таа нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб.

Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави Бектеши на прес-конференција.

Според Бектеши, мерката ќе важи се додека ќе биде во интерес за граѓаните.

Како што појасни Бектеши, цените нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената.

Бектеши вели дека за овошје и зеленчук чекаат предлог од МЗШВ, додека за другите производи речиси неделно ќе се прават поединечно анализи за сите производи и ако гледаат дека тоа се злоупотребува тогаш ќе донесат соодветни одлуки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.