Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, реагира дека власта со новата програма за директни плаќања во земјоделството крати повеќе од 40 милиони евра.

Како што вели Трипуновски, поради тоа, во ек на криза земјоделците и оваа година ќе бидат оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Реакцијата на Трипуновски ја пренесуваме во целост.

Почитувани, со новата програма за директи плаќања во земјоделството власта предвидува само 58 милиони евра, односно од ветените 100 милиони евра директни субвенции нема ни трага ни глас.

 

Накратко ќе ви презентирам во неколку примери за катастрофалните кратења во програмата за 2022 година и лошата поставеност од отсуството на развојната компонента во истата.

 

Во програмата за директни плаќања за 2022 година која што е објавена во Службен весник на Република Македонија и во мерката 1, каде што се предвидуваат директните плаќања за растително производство 2 милијарди денари. 2милијарди денари се во вкупен износ во 32,5 милиони евра. За да разберат сите за какво кратење станува збор ќе се обидам со еден пример да ја доловам ситуацијата. Ако ја земеме најголемата категорија на земјоделци во Република Македонија тоа се тутунарите, кои што и покрај лошите политики на министерството во овој сегмент, оваа година реколттата ќе тежи некаде околу 18 милиони килограми, помножено со сумата со која што треба да ја добијат како субвенција добиваме сума од 20 милиони евра. Значи од вкупно предвидената сума 32,5 милиони евра, кога ќе ги одземеме тутунарите добиваме сума односно разлика од 12,5 милиони евра.
Замислете почитувани со 12,5 милиони евра во Република Македонија за 2022 година треба да бидат покриени поледелски култури, градинарството, овоштарството, лозарството, и сите под мерки кои што ги предвидува министерството.

 

Во мерката 2 директни плаќања во сточарството, владата предвидува мизерни 3 милиони евра субвенции за оваа категорија на земјоделци. Пластично со еден пример ќе ви доловам во каква ситуација планираат да го доведат сточарското производство власта предводена од СДСМ.

 

Во табелата каде што стои за одгледувачите на овци, во новата програма министерството предвидува намалување за 300 денари за сите одгледувачи на овци затоа што минатата програма беше 1300 денари по грло, а сега е 1000 денари. Во новата програма исто така се врши кратење од 300 денари за задржано женско јагне каде што сега субвенцијата изнесува 700 денари, а минатата година беше 1000 денари, а сега е 700. Помножено со вкупниот број на овци и јагниња кои што се одгледуваат во државата добиваме сума од 3,5 милиони евра кратење во овој сегмент. Манипулацијата на власта за да ги изманипулира сточарите воведува нова мерка каде што ќе дава по 400 денари за заклано јагне во кланички капацитет и помножено со сумата која што од прилика Република Македонија ја има со заклани јагниња, се добива дека министерството ќе импутира 1 милион евра во овој сегмент. Разликата од кратењето од 3,5 милиони евра, со импутот од 1 милион евра, добиваме разлика односно кратење од 2,5 милиони евра.

 

Тоа значи дека сите сточарски гранки во Македонија вклучувајќи го свињарството, говедарството, живинарството, производителите на млеко и месо нема да можат да добијат субвенции во наредната 2022 година.

 

Во интерес на времето, сите под мерки кои што ги има во програмата би се задржал само за крај во делот на мерката 11 а тоа е за останатите обврски од претходните години.

 

Практично со оваа мерка власта признава дека она за кое што ВМРО-ДПМНЕ постојано апелира и кажува дека субвенциите не се исплаќаат на времено и доцнат, оваа мерка со 16 милиони евра предвидени средства практично е признание на власта дека имаме неисплатени субвенции од претходни години.

 

Сето ова се случува кога Љупчо Николовски повторно е на чело на министерството. Човекот кој го запусти земјоделието, сега се врати са доуништи тоа што останало.

 

Наместо заедно со Ковачевски да се заложат за поголема помош и земјоделците да имаат егзистенција, тие сериозно кратат од субвенциите.

 

Недомаќинското работење на СДСМ удира по земјоделците. Се крати од нив за да има пари за матни тендери.

 

Ова наскоро ќе стане минато, затоа потребни се брзи предвремени избори час поскоро и промена на власта каде ќе покажеме како навистина се делува и се ставаат земјоделците на пиедесталот на приоритетите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.