Стопанската комора за енергетика на 25 февруари ќе излезе на протест пред Владата, заедно со компаниите, каде ќе ги повторат нивните барања и решенија за состојбата со енергетската криза. Од комората на 24 јануари доставија барања до Владата.

Едно од барањата е разрешување на економските министри, одредени директори и претседатели на компании, и поставување на стручни кадри на нивни места. Според нив, со нивните решенија ќе успеат да ја спасат државата од кризата.

Од комората велат дека државата од Буџетот мора да издвои пари и за компаниите, за да им се помогне да ја надминат енергетската криза. Со проблеми се соочуваат и компаниите од текстилната индустрија. Оттаму велат дека е потребно итно субвенционирање на електричната енергија.

Наспроти министерот за економија, Крешник Бектеши, кој вчера изјави дека 170 милиони евра ја чини досега државата енергетската и топлинската криза, од комората пак велат кризата ќе ја чини државата милијарда евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.