Законот за плати е во работна верзија и е ставен на ЕНЕР за да може да го коментираат сите. Министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчевска смета дека сидникатите и работодавачите и работниците во јавниот сектор треба да дадат свои коментари, за да може да се оди на јавни распправи и да се дадат предлози кои ќе дадат подобрување на постојниот текст.

Според Тренчевска, крајниот резултат треба да биде унапредување на правата на вработените во јавниот скетор.

Синдикатотот за образование, наука и култура (СОНК) смета дека со новиот предлог Закон за плати во јавниот сектор синдикатите нема да можат да учествуваат во носењето одлуки на Владата, а текстот е дискриминаторски и противуставен.

Од СОНК побараа измените да бидат повлечени. Претседателот на СОНК Јаким Неделков смета дека им се ускратува правото да имаат можност да преговараат за висината на платите, колективните договори нема да имаат важност а тоа значи дека со растот на минималната плата многу плати ќе бидат речиси идентични, и тоа ќе биде проблем.

Вредноста на бодот е уште една болна точка. Вредноста на бодот по предлог на Владата го утврдува Собранието, колкави ќе бидат платите во јавниот сектор повторно синдикатите немаат никакво влијание. Колективните договори нема да бидат во важност и се она што досега е договорено со методологиите за пресметки на плати станува ништовно, изјави Јаким Неделков претседател на СОНК.

Иако најавуван со голем пи-ар како ставање ред на платите во јавниот сектор, предложениот нацрт-закон е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, а не на држави од теркот на ЕУ, реагираа од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) за предложениот нацрт-закон за културата.

Министерката Тренчевска смета дека новиот предлог закон за плати не е противуставен.

Всшушност, сакаме да воспставиме ред во платите во јавниот скетпр. Имаме различни плати за иста работа во различни инсититуции. Целта на овој закон е во секоја дејност, во секоја област да воспставиме граница на највисока плата и да не може да се оди погоре, а согласно највисоката плата, надолу останатите работни места, согласно сложеноста да им се пресмета платата. Да ставиме еднаш засекогаш ред во јавниот сектор. Не може директор на јавно претрпијатие да зема поголема плата од претседателот на државата или од министерот кој му е надлежен, изјави Тренчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.